Војводина протестира против Начевски и Михајловски - последниот натпревар ќе го игра со пионери

 

Раководството на Војводина најави настап со пионерски состав на последниот натпревар од регионалната ракометна СЕХА лига, како протест против раководните лица на натпреварувањето кои ги сметаат за одговорни што не победиле на натпреварот со Металург одигран пред 12 дена во Скопје.

Натпреварот заврши 26:26, а првите луѓе на Војводина се лути на одлуката на записничката маса и судиите да го поништат голот на Урош Елезовиќ на четири секунди до крајот на мечот.

Одлуката за прекин на играта доаѓа откако тренерот на Металург Лино Червар влезе на теренот со намера да им сугерира на своите играчи како да одиграат одбрана или со намера да го деконцентрира противникот. Од зписничката маса сугерираа мечот да биде прекинат, судиите ја прифатија оваа забелешка и според правилата на Червар му доделуваат жолт картон.

- Одлучивме на последниот дуел во регионалното натпреварување Војводина да настапи со пионерски состав, без присуство на публика и да биде истакната парола „Ние сме на теренот, а Начевски и Михајловски нека ви ја играат СЕХА лигата, изјавуи Ѓорѓе Чирковиќ, тренерот на новосаѓани.

Како што е познато Марјан Начевски е комесар за натпревари при СЕХА лигата, додека претседател на регионалното натпреварување е Михајло Михајловски.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега