Рецепт: Колачиња од банани
3 банани
1 маргарин
250гр. шеќер во прав
2 жолчки
500 гр мелени бискоти
300гр чоколадо за готвење (прехрамбена боја ако сакате да бидат шарени)
Бананите ги пасираме, а бискотите ги мелеме.
Маргаринот го миксираме со шеќерот во прав и жолчките. Ги додаваме бананите и бискотите и промешуваме. Бидејќи од бананите ќе бидат жолтникави можете да додадете боја. Ако смесата не ви е доволно тврда додадете мелени бискоти.
Правете форми какви сакате, може и бомбици.
На оган го топиме чоколадото за готвење и го полеваме секое колаче.
Извор:Мои рецепти
Оцени ја веста
19.02.2015 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа