Каква е моменталната состојба на патиштата низ Македонија?
Сообраќајот на патиштата во државава се одвива без забрани по претежно суви коловози.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е нормализиран. Поради потенцијални одрони на возачите им се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација.
На патниот правец Лакавица - Неготино на 7 километри над село Лескоица е извршена санација поради пропаѓање на патот од 200 метри. Санирано е и оштетувањето на патот Виница - Пехчево и сообраќајот е нормализиран.
Поради можен одрон на патниот правец Катланово – Велес, после наплатната станица Сопот, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. На патот Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Во општина Пробиштип, локалниот правец Злетово – брана Кнежево кој беше во прекин заради свлечиште, е оспособен за сообраќај по една лента во должина од околу 150 метри.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа