Демант на СДСМ: Заев не бега од истрагата за Пуч
Опозициската СДСМ ја демантира информацијата која ја објави Press24 дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска не се појавил во Обинителството во рамките на истрагата за аферата Пуч во која е четвртотоосмничен.
„Целосна лага е тврдењето на „Пресс24“ дека Претседателот на СДСМ бил повикан во Јавното обвинителство да даде изјава за предметот Пуч.
Претседателот Заев e повикан од Обвинителството во врска со кривичната пријава поднесена од СДСМ, како сведок-оштетен, за доставување на дополнителни материјали.
Поради претходно утврдена дневна агенда на Претседателот Заран Заев и бројни средби, меѓу кои и со меѓународни претставници, од Обвинителството писмено е побаран друг термин.“ - стои меѓу другото во демантот на СДСМ.
Репортерот на Press24 направи обид да ја провери информацијата, но адвокатот на Заев одби да коментира бидејќи како што рече, не бил овластен за тоа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа