Ние сме богати, а вие сте љубоморни - клинци милионери го провоцираат обичниот народ на Инстаграм

Млади милионери сметаат дека е сосема идентично тоа што тие ги објавуваат сликите на Инстаграм исто како и просечните граѓани. 
„Богатите клинци од инстаграм“ веќе долго се во жижот на светската јавност, а особено преку нивното заминување во најгламурозните градови, раскошни ресторани новата луксузна гардероба. Младите милионери сакаат да луѓето ги мразат, сметајќи дека на тој начин се фалат со својот живот на висока нога.

Но, тие го негираат тоа со аргументот дека тие поставуваат слики на друштвените мрежи како и сите други. 

„Мислам дека не треба да ме осудуваат поради тоа што сум објавил слики на која јадам кавијар во Лондон, додека е сосема во ред што некои закачуваат фотки од Мекдоналдс, вели Ендру Варен 22, наследник на царството на недвижности во Њујорк.

Тој се фали и со зборовите дека неговите пријатеи исто така имаа полно пари. 

 

Мој омилен наслов на Инстаграм би бил „лимунада, лимунада“. Тоа е она кога сите други луѓе се љубоморни или „гледаат кисело“ она што ние го правиме, па тоа е како Лимунада“, вели тој.

„Кога сте во позиција да можете да земете се што животот ви овозможува, само треба да го направите тоа и да живеете со полни плуќи“, вели 26 годишниот Томер Срор. од Израел кој своето богатство го има стекнато на берзата. 

 

И останатите богаташи слично реагирале на „хејтерите“ на друштвените мрежи и покажале што мислат за сите оние кои не го одобруваат она што тие го работат.

 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега