Папуљас: Скопје ќе стагнира се додека инсистира на македонизмот

 

Грчкиот претседател Каролос Папуљас за српска „Политика“ вели дека вратите на НАТО ќе останат затворени, а европската интеграција замрзната доколку „Скопје инсистира на идеолошка конструкција на македонизмот“.

- Обединетите нации одлучија да не ја примат оваа земја под нејзиното уставно име, и така ја признааа легитимноста на грчкото противење. Во изминатите години, грчката страна направи значајни чекори за да се најде заедничка основа во ракмките на преговарачкиот процеса во ОН за името на државата. Според резолуцијата на Советот за безбедност, тоа име нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, туку ќе биде име со географска одредница за сите употреби. Сè додека Скопје инсистира на идеолошка конструкција на македонизмот, толку долго ќе се одржи на затворена врата во НАТО, а интегративниот процес во ЕУ замрзнат, вели Папуљас за „Политика“. 

Папуљас вели дека Скопје треба да направи чекор кон конечно решение.

најчитано сега