Неколку совети како да го избегнете несаканото „дружење“ со фрижидерот

Во теорија звучи едноставно, но разликувањето на глад од јадење од здодевност во пракса знае да биде вистинска борба. Ако пречесто се фаќате сами себе пред отворен фрижидер, прашувајќи се како сте завршиле тука, еве неколку совети за тоа како да усвоите нови навики и да спречите добивање на вишок килограми.

Бидете свесни за тоа што го правите

Психологот Сузан Алберс на своите клиенти сугерира да бидат свесни за своите навики.

- Често јадеме и кога не сме гладни. Тоа е јадење од навика и тоа најчесто се врзува за одреден период во денот, а ако се фатите да јадете нешто несвесно и кога не сте гладни, обратете внимание на тоа како се чувствувате во тој момент. Дали сте под стрес? Дали ви е здодевно? Ако навистина не сте гладни, тогаш нема причина да јадете – вели Алберс.

Внимавајте на времето поминато пред ТВ

Ако не сте планирале да излезете надвор, одењето дома и поминувањето на времето покрај ТВ може да биде голем предизвик, бидејќи за таа навика секогаш се врзува грицкање на често многу калорични намирници.

Обидете се со вода

Многу луѓе го мешаат чувството на глад и жед. Ако неодамна сте јаделе и се уште не сте сосема сити, испијте чаша вода и почекајте 20 до 30 минути. Ако и понатаму сте гладни, а најверојатно нема да бидете, тогаш изедете нешто.

Јадете седејќи

Кога јадете стоејќи, не сте свесни за количината на храната која ја конзумирате, а храната што ќе ја изедете од нога некако не се смета за оброк. Наместо да стоите пред фрижидерот, подобро седнете и јадете на маса. Ова ќе ви помогне да разликувате глад од здодевност, но ќе видите дека јадете помалку ако нема ништо во околината што ви одвлекува внимание.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега