Паниката си го стори своето: Голем резил на опозициските медиуми

 

Соочени со немањето на поддршка во јавноста, немањето на концепт и програма за работа и очигледно изнервирани затоа што нивниот деструктивен пристап не дава ама баш никаков резултат, опозициските медиуми од типот на сомнителни портали како што се Доказ, Први, Мактел и други нерелевантни сајтови вчера координирано пласираа тешка лага дека наводно вицепремиерот Зоран Ставрески поднел оставка на својата позиција.

Таквата нивна лага веднаш беше разобличена и наиде на потсмев во јавноста. Владата ја демантираше оваа шпекулација.

-Тоа е тотална невистина. Вицепремиерот Ставрески вчера ја водеше владината седница додека премиерот Груевски беше на состанок со еврокомесарот Хан, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Шпекулацијата ја демантираат и од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека не се изненадени од ваквите лаги и конструкции и дека нема да бидат изненадени доколку вакви лаги се пласираат и во иднина, бидејки тоа е стилот на опозицијата.

-Мактел и Доказ се срцето и духот на опозициските активности и ние сме задоволни од нивниот однос кој е израз на немоќта на цела опозиција. Опозицијата е во една агонија полна со навреди, клевети, лаги, манипулации и омраза, но ќе им помине за некое време, велат од владеачката партија на премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега