Најголемата воена тајна на сите времиња: Американски патент со број 1096102 – во внатрешноста на планетата постои уште еден свет!

 

Господин Маршал Гарднер од Аурор, Илионис, своевремено понуди пријава за патент на Американската Федерална Агенција за Патенти. По долгогодишно истражување дал научна втемелена теорија која целосно се судира со вреженото мислење на јавноста. По 18 месеци, на 5 декември 1914 година, Американската Агенција му го одобрила патентот со број 1096102 и издала научен сертификат за веродостојноста на теоријата.

Првата верзија на теоријата излегла како книга на 240 страници. Осум години подоцна, истиот автор, продолжил да собира доказни материјали од подрачјата на астрономијата и поларните експедиции, објавувајќи нови изданија на книги на 450 страници. Годината е 1920.

Насловот на книгата е „Патување во внатрешноста на Земјата“ со поднаслов“, Дали половите навистина се откриени“. Патентот, а и книгите, стануваат доверлива воена тајна. Некои тврдат дека е „најдоверливата“ на сите времиња.

Сето ова ни дава повод да се замислиме над сопствената агресивност и себичност. (Се зборува за световите во внатрешноста кои остануваат само приказна и ништо повеќе, за тоа дека таа не предупредува дека дуовни и супериорни суштества не сакаат да го делат истиот простор се додека не се прочистиме и емоционално и духовно).

Во почетокот пред 4-5 милијарди години, Земјата сеуште била широка топка, супер-врел ротирачки плин. Постепено се ладела и почнала да се зацврстува. Само центрирачката гравитациска сила го намалувала дијаметарот на плиновитата топка... но до одредена мера.

(Токму на ова место настанува разликата меѓу Гарднер и старата теорија за формирање на нашата Планета. Таа теорија говори за згуснувањето кое се случувало се до моментот додека Земјата не станала течна во нејзината средина. Според Гарднер, ова сценарио вреди само за големите свемирски тела, како сонцето. Но тоа не вреди за типичните планети).

Друг фактор е центрифугалната сила. И додека гравитацијата настојува да го вовлече целиот материјал кон центарот, постои и спротивна сила. Центрифугална. Двобојот на две природни сили се движи до моментот додека не се постигне рамнотежата. Според Гарднер, тоа настанува кога се формира сферата со полупречник од 8000 милји.

Понатаму. Центрифугалната сила има уште една карактеристика која не треба да се тргне од мислите. Да земеме на пример када наполнета со вода. Водата се празни од каде? Од дупката која набрзо создава вир (vortex) празен простор со забрзна-ротирачки материјал. Применете го истиот принцип на нашата Планета во добата додека се стврднувала.

На десниот ротациски крај (денес ги нарекуваме полови) центрифугалната сила била значително послаба отколку на Екваторот. На екваторот оваа сила содржи цврсти материјали во радиус од 8000 милји. Идејќи кон половите била помалку успешна и контракциите престанале на 1400 милји пред полраните региони.

Заклучок? Природниот компромис на нашата Планета, настанал како шуплива топка со поларни отвори од 1400 милји (2000 километри).

И уште понатака. Гарднер тврди дека само центарот на оваа топка, пропорционално е мала средишна топка (внатрешно сонце). Меѓу земјината кора и средишното сонце, постои расположлив слободен простор. Доказите повторно се наслонуваат на карактеристиките на центрифугалните сили. Имено, таа не само што е слаба на половите, туку е и слаба во самата средишна ротација.

„Се сеќавам на седумдесетите, доаѓа Иванка во посета, ние го палиме громофонот на најсилно, а мама ги затвора ушите). Го вртиме громофонот на 78, и се се разлетува, освен прашината во средишната ротација. Тоа е таа слаба центрифугална сила.

Базирано на неговите студии на планетарна небула низ обзерваторските фотографии, Гарднер заклучил:

„Тврди Земјината школка е дебела околу 800 милји – Поларните отвори се околу 1400 милји широки.

Гравитациското централно сонце во планетарниот центар се поместува за 600 милји

Константниот судар топло со ладниот поларен зрак предизвикува постојана покриеност на поларните отвори со повеќеслојни густи облаци.

Во продолжение, со испитувањето на низата поларни експедиции, наметнати се нови мистерии како:

„Драматичното подобрување на климата која се повеќе се приближува на половите.

Ексцентричното зголемување на растителниот и животински свет на овие места

Камењата, дрвјата, прашината, пронајдени на врвовите на ледените брегови.

Аномалијското однесување на радиобрановите на поларните региони.

Гравитацискиот пораст усмерен на поларните врвови, доволен да ја одржува одвоеноста од солената и слатката вода.

Чудната ситуација со северните Ескими, народи со уникатен јазик, чија орална традиција вели дека потекнуваат од топлите земји, уште посеверно, со константна дневна светлина.

Длабочината на поларното море и силните јужни струи на Арктикот.

Совршено зачуваните свежи мамути пронајдени во ледот.

Деветнаести февруари 1947 година адмирал Ричард Бурд го напушти базниот камп „Арктикот“ и одлетал посеверно. Година подоцна останале нагаѓањата што навистина се случило за време на тој историски лет и дали адмиралот  Бурд навистина полетал „зад“ Полот во Внатрешноста односно се сретнал со напредните суштества кои му дале порака за човештвото.

Воглавно по неговото враќање во Вашингтон 11 март 1947 година тој е ставен под стрикна контрола на медицински и воен сигурносен тим. Не се огласувал со години. Бил војник и се однесувал согласно со наредбите.

Од неговиот, наводен, таен дневник и објаснување од него следуваат неколку заклучоци:

За време на својот арктички лет од 1700 милји, од северниот пол преку радио јавил дека под видеото, на снегот и ледот, има копно прекриено со планините, шуми, зелена вегетација, езера и реки... а на нив забележал чудни животни кои го потсетиле на мамути. ..

Во јануари 1956 година, адмирал Бирд водел уште една експедиција овој пат на Антарктикот поминувајќи 2300 милји зад јужниот пол. Радио извештајот од таа доба вели дека Бирд изјавил дека ... „нашата експедиција открила огромно неистражено ново тло... подрачје и дека зад полот е средиште на голема непознаница.“

За десет долари, во 45 година по последното патување на Бурд, може да се најде книга со наслов „А Let to the Land Beyond the North Pole“ – Missing Diary of Admiral Richard Byrd“.

Страшниот момент на книгата е следната приказна

„Сакаме да ви посакаме добредојде на нашите простори, адмирале“, им се обратил човек на кого искуството му се видело во лицето. Седел на долг стол. Ги преплетил прстите и се насмевнал. Говорел тивко и продолжил: „Ве пуштивме вас да влезете поради вашиот карактер и поради тоа што сте познати на површината, адмирале“.

„На површината?“, прашав.

Да вие сте на подрачјето Арајан, во внатрешноста на Земјата. Нема да ве задржуваме во вашата мисија и ќе ве испратиме наскоро назад на површината. А сега на вас адмирале, би сакал да ви кажам зошто сте овде. Нашите интереси за дознавање на што повеќе за површината се засилија кога вашата раса ја активираше првата атомска бомба над Хирошима и Нагасаки. Тоа беше толку алармантно што моравме да ги испратиме нашите летала, „Flugelrads“, да истражат што вашата раса направила.

Тоа е сега историја. Но, допуштете да продолжам. Видете ние до сега никогаш не сме се мешале во вашата расни и варварски конфликти. Но, сега е поинаку. Вие пуштивте одредени сили кои не се за човекот, односно атомска енергија. Нашите делегати веќе испратија порака на силите до вашиот свет. Но, тие се оглушија на нашите предупредувања. Вие денеска сте избран да бидете сведок овде за да се уверите дека нашиот свет навистина постои. Како што гледате, нашата култура и знаење се многу илјадници години пред вашата раса, адмирале.

„Но, каква врска има тоа со мене?“, го прекинав.

Неговите очи длабоко продреа во мојот ум. Откако ме простудира за момент, одговори:

„Вашата раса ја достигна точката од која нема враќање. Некои од нас радо би го уништиле цел свет за да се одречат од власта и силите со кои располагаат... Ние вас од 1945 година се обидовме да ве исконтактираме, но нашите напори ги дочекаа агресивно... На нашите лета вие пукавте... Сега сине мој, се подготвува голема бура во вашиот свет.

Науката нема да донесе сигурност. И се може да завши со еден општ хаос... Оваа претходна војна може да биде само вовед во дурга, многу поопасна. Одовде можеме да го согледаме работите многу појасно... Во далечната иднина ќе видиме дека во вашата руинирана цивилизација, ќе излезе нов свет кој ќе побара сигурност кај нас. Кога ќе дојде тоа време, ние ќе ве извлечеме и ќе помогнеме во оживување на вашата култура и раса... Може до тогаш ќе ја сватите бесмисленоста на војната и разорот... и потоа вашата наука и култура ќе се насочикон нов почеток..

А ти сине мој, врати се на површинскиот свет со оваа порака.

Се чини дека на нашиот состанок му дојде крајот. Застанав за момент како во сон..., но знаев дека ова беше реалност. Од некоја причина се поклонив, од почит, најверојатно.  

Моите прекрасни домаќини, кои ме доведоа овде, повторно беа на моја страна.
„Овој пат адмирале“, ми покажаа. Се свртев уште еднаш кон учителот. Имаше блага насмевка на лицето. „Збогум сине мој“, ми рече. Ми мавна и нашиот состанок заврши.

Адмиралот Ричард Бурд, легендарниот истражувач на Антарктикот, и јужниот пол, наводно во својот дневник пишувал за историјата и внатрешноста на Земјата...

Дали е можно да некоја од планетите на нашиот сончев систем би можела да биде шуплива? Научниците едногласно одговараат „Не!“.

И што значи „шупливо“? Неколку стотина километри радуис или неколку илјадници? Зар таквата планета не би колабрирала само себе?

За да се дојде до одговор во поинакво светло, да појдеме од премисата на астронаутите. Ако претпоставиме дека некоја планета, да речеме Марс, е шуплива, следува споредба со Земјата. Со нејзината маса, и орибтално однесување. Маса е одредена на различни експерименти изводени на нашата матична планета.

Астронаутите поаѓале од премисата дека Земјата е солидна, цврста маса. Ако Марс навистина бил шуплив, тогаш неговата маса би била смешна и мала во однос на Земјата. Поради тоа што ова не би можеле да го потврдат, заклучуваат дека Марс не е шуплив. Ниту која било друга планета или месец.

Да ја свртиме ситуацијата. Да претпоставиме дека Земјата е шуплива. Во тој случај отстапувањето на било кое друго небесно тело од Земјината маса би било воочливо. Но ваквата дискреција не пости. Ерго, тогаш сите наши блиски планети и месеци би требало да бидат шупливи, затоа што орбиталното однесување им е слично како и на Земјата.

Да направиме сеизмолошка дискусија. Таа би требало да потврди дали нашата планета е шуплива или не. Всушност сеизмологијата децидно вели дека центарот на Земјата не е во цврста состојба. Стандардната интерпретација е дека мора да биде тековна. Но тоа е само интерпретација базирана на неточно претпоставка за масата на Земјата? Воглавно резултатте би биле слични и да постои шуплина во центарот на Земјата, која содржи само различни плинови.

Венера

Уште пред 110 години, астрономите воочиле сјајна „поларна капа“. Се обиделе оваа појава да ја поврзатсо годишната сезона, но безуспешно. Венера едноставно се однесувала поинаку отколку што се предвидело (зошто велат дека жената потекнува од Венера?)

Да претпоставиме дека Венера е шуплива и дека има внатрешно сонце“. Или да речеме изворот на нуклеарната физија во средината на планетата кој, од време на време, исфрла светлост кон поларните региони осветлувајќи ги.

Доктор Барлет еден од директорите на Друштвото за Меркур и Венера од Британското Астрономско Друштво пишал на почетокот на столетието за овој феномен. Слично е и со моменталниот дирекор на истоимената секција во истото Друштво кое веќе со децении пишува за чудните и ретки феномени. Неговите научни документи упатуваат на енормната шуплина внатре во половите на Венера.

Земјината Месечина

Астрономите веќе долго го употребуваат терминот TLP (Transient Lunar Phenomenon) Имено се идентифицираат на бизарни феномени чии плинови, водена пареа и разнобојни светла излегуваат на површината од внатрешноста на Месечината.
Објаснување: Ова се смета за аномалии, одстапување од „нормалното“. Да претпоставиме дека Месечината е шуплива, и дека има ненаков вид на внатрешна атмосфера, која повремено „прочурува“ низ отворите и тунелите кон надвор, кон површината... за потоа да се врати назад со помош на силата на гравитацијата.

Марс
Феноменот „поларна капа“ на Марс не е непознат за широката јавност. Последното изгубено летало („
Mars Polar Lander“) имала за задача да ја истражи достапноста на водата на половите.

Земја

1. Застанавме кај сеизмологијата. Да замислиме потрес; од епицентарот се шират бранови, кои можат да се детектираат. Да бидеме порецизни, се шират низ тврдата маса, земјината кора. Земјотресот во Хоустон не може да се детектира на другата страна на глобусот – некаде околу Индонезија. Причина? Во центарот на Земјата нема кора, цврста маса. И научниците велат, центарот на Земјата е тековен, а низ тековноста овој вид на бранови не се движат. Приврзаниците на теоријата „Shear waves“ тврдат нешто друго: причината е тоа што центарот на Земјата е шуплив – исполнет со зраци и простор. А низ нив овие бранови не можат да се помрднат.

2. Слично е и со „Pulse waves“ теоријата. Звучните бранови не се шират низ просторот, но се движат околу Земјината кора (која има облик на школка) И излегуваат, значително ослабени на другата страна. Нивните патишта одат од површината кон внатрешноста. Во еден момент, кога ќе наидат на шуплината во внатрешноста на Земјата меѓу 103 и 143 степени, не може да се детектира нивното присуство. Тие бранови кои имаат досег до 143 степени се рефлектираат од површината. Но се слаби, затоа што мораат да патуваат двојно побрзо заобиколувајќи ја средишната шуплина.

3. Понатаму, научните тврдења за тоа дека е повисок притисокот, како патот не носи кон центарот на Земјата. И поради него центарот мора да биде во тековна состојба, со длабочина како се приближуваме кон центарот на земјата. Работите стануваат во бестежинска состојба, поради забрзувањата на гравитацијата во сите правци кон масата.

Има ли тогаш тековно протекување на лава во центарот на планетата ако нема притисок за истата да го предизвика тоа?

4. Веројатно главниот доказ е дека нашата Планета е солидна, цврста маса и нема калкулирана густина. Таа е изведена од Newton гравитациската формула и се користи со Кавендисовата гравитациска константа. Таа и дава на Земјата просечна густина од 5,5 гм/цц. Карпите со густина од 2,7 gm/ccm во просек. Значи за да патуваат кон внатрешноста, мораат да се наоѓаат во се погуст материјал. Во просек, густината на железото или 8,3 gm/ccm. Математички просек (2,7+8,3= 10,5 поделено со 2 = 5,5)

Во e-mail во нашата група (1999/1/26)Верн Аткинсон пишува

Кавендиш направил грешка во калкулирањето на својата константа во текот на својот експеримент. Не ги зел во предвид двата сета на сили, закривената тежина . Наместо да резултира со расподелбата на двата сета, тој го доделил само едниот, и накриво ја одредил гравитациската константа. Корегираната гравитациска константа така добива вредност од 1,38 наместо 5,5.

Понатаму можам и јас да ја прерачунам. Ако густината на Земјата на површина е од 2/7 тогаш кон внтарешноста истата се намалува. Поради тоа што густината на водата е 1,00. Следува заклучок дека поголемиот дел од внатрешноста на Земјата е шуплива! Дали течноста и карпите на површината би биле значително над очекуваните 1,38.

5. И последно за денес, прилогот зошто Земјата би требало да биде шуплива. Кај големиот број потреси, е установено дека таа одекнува како ѕвоно во период од 54 минути. Тоа би можело да биде финален доказ дека Таа е шуплива како ѕвоно.

Во споредливите мистични знаења на жителите на Тибет, кој понекогаш допираат до нашите уши, потребно е место на теоријата на Шамбхла. Таа накратко вели:

„Гаја е големодушна и доброчудна мајка која ги штити секоја од своите мали. Гаја е истовремено и живо суштество и клетка на макрокосмички организам кој учествува во еволуцијата, а која ние ја нарекуваме Бог.

Длабоко на 800 милји под земјината кора во средиштето во кое лежи центарот на гравитацијата, се отвора внатрешна шуплина. Таа е осветлена со соларно кинетички енергетска маса која е 600 милји широка и емитува радијација. Во пресрет со внатрешната атмосфера таа станува светлина, топлина и живот.

Шуплината со радиус од 5800 милји и осветлена со константа, благо, златна светлост, која креира тропска клима, која овозможува радиус на раскошна природа.

Гајин магнетските полови се отвораат во циклички периоди од 24 часа на секои шест месеци Отворите досегнуваат и до 1,400 милји и претставуваат две од десет чакри (витални центри) кои Гаја ги има. Основната чакра е во планетарниот центар, внатре во соларната енергетски нуклеус кои ја илуминира Внатрешноста. Овде почнува космичката моќ на Гајин. Сите сили на материјата, енергијата и димензиите на време/простор овде имаат извор.

Преостанатите шест чакри се сместени на екваторските црти 60 степени една од друга. Секоја од нив го означува различниот аспект од егзистеницијата на Гаја.

Внатре во земјата жиеат голем број на суштества со различна култура и традиција. Тие се разликуваат и по различните животни фреквенции, кои пак зависат од достигнатиот степен на еволуција.

Поедини се одгледуваат ги окупираат пештерите и подземните простори во Внатрешноста, комуницираат едни со други преку тунелите. Овде можат да се најдат некои прочуени градови населени со суштества на површината, кои емигрирале во древните времиња. Тие живеат на поголема висина во споредба со човечката раса, во перфектна симбиоза со планетниот животен реалитет.

Во подземните простории се наоѓаат тајните воени вонземјански групи. Некои од нив се во контакт со окултните сили на површината на земјата, додека другите се во врска со Агартниот систем.

Етеричниот град Шамбал е највисок израз оваа внатрешна цивилизација кој вибрира на соларните фреквенции. Тоа е креативна идеја и астрален програм за Гајината развојна еволуција. Тоа се суштества од најстар вид, на највисоки фреквенции, кои го поседуваат Сончевата Гностичка Свест. Тоа се први жители на Гаја и создатели на човечката раса. Претходно се дојдени од Сириус, а пред ота од Орион од каде што потекнува нивата династија.Феноменот „северни светла“, односно aurora borealis, се смета за аномалија. Научното објаснување за сударот меѓу сончевите честици со Земјините плинови е лабава. Хипотезата за шупливата планетарна топка се фрла друго светло на овој проблем.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега