Трагедија го крена Куманово на нозе: Млада мајка ненадејно почина среде ноќ
32 годишната кумановчанка М.К. утринава починала на скопските клиники, дознава Пресс24. Сеуште не е познато од што умрела младата кумановчанка.
Според информациите до кои стигнавме, 32 годишната М.К. била мајка на три деца. Откако семејството на М.К. забележало дека нејзината здравствена состојба е лоша, таа била пренесена во кумановската Болница, а потоа, заради сериозноста на состојбата биле донесена на скопските клиники. За жал, младата мајка не успеала да преживее.
Засега останува мистерија од што починала 32 годишната кумановчанка. Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.