Скандал во Србија: Откриени прашањата од тестот за матура по математика

 

Полагањето на матурскиот испит по математика во Србија е одложено бидејќи Комисијата пронашла фотокопија од истиот, пренесе Телеграф.

Полагањето на испитот во математика е одложено за утре во 12 часот бидејќи комисијата нашла една фотокопија од тестот. 

Утре ќе се употреби резервниот тест за да не дојде до никаква грешка за време на оценувањето на учениците.

- Ние веќе разговаравме. Се надеваме дека ќе го најдеме виновникот кој ги открил тестовите и решенијата. Поради тоа и тестирањето е одложено, велат од комисијата.

ФОТО: Канал 5

 

најчитано сега