СДСМ: Знаеме за Анонимните - наскоро ќе почнат да објавуваат „валканици и глупости“

 

Вистинска паника владее вечерва во опозицискиот табор. Медиумите под контрола на СДСМ прават се што е во нивна моќ да се обидат да ја смират тензијата која изби откако група хакери објави дека ги поседува материјалите кои ги има СДСМ и дека набрзо ќе почне да ги објавува.

Откако порталот Либертас повикувајќи се на неофицијален неименуван извор објави дека СДСМ пријавиле во полиција, поголемиот негов брат, Плусинфо побрза да демантира дека материјалите на СДСМ се на безбедно и дека немало потреба да се пријави во МВР.
Сепак од СДСМ за Плусинфо велат дека се запознаени со активностите на оваа хакерска група и дека очекуваат наскоро во јавноста да излезат како што тие велат „валканици и глупости“

Од МВР велат дека го поддржуваат апелот на Јавното обвинителство да не се манипулира со материјали кои се предмет на истрагата и дека му стои на располагање на секој засегнат да пријави се што е поврзано со делата против државата и граѓаните кои се документираат

 

Група хакери на YouTube постави видео во кое вели дека ги има сите материјали со кои располага и СДСМ и дека ќе го објави се она што Заев и неговата партија ќе се обидат да го скријат од јавноста.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега