Ова сигурно го правите, а не треба: Каде ги чувате јајцата во фрижидерот?

Вратата е најтоплиот дел од фрижидерот па тука чувајте ги производите со природни конзерванси.

Мајонезот и сокот од портокал можете да ги чувате во вратата, но млечните производи и јајцата не. Долните полици на фрижидерот се најладни па тука чувајте ги јајцата, свежото месо, млечните производи и морските плодови.

Овошјето и зеленчукот чувајте ги во одвоени прегради наменети за тоа. Јајцата многу лесно ги впиваат мирисите од другите намирници, па ако чувате во фрижидерот нешто со силен мирис, јајцата ставете ги подалеку.

Препорачливо е во фрижидерот да ги чувате и јаткастите плодови, но и маслото. Лебот никогаш не го ставајте во фрижидер. 

Добро е да се зане и ова: праските, сливите и крушите не треба да ги чувате во близина на зеленчукот. Тие овошки испуштаат гасови кои го забрзуваат скапувањето на зеленчукот.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега