ФОТО: „Домаќинката“ која ја напиша „50 нијанси сиво“ пред 100 години

Еден ден, фрустрирана средновечна домаќинка одлучува да напише еротски роман, за нејзино лично задоволство.

Начинот на пишување не е брилијантен, но е доволно примамлив за откако ќе биде издаден, да биде продаден во монгу примероци... приказната е за млада девојка, која е заведена од доминантен постар маж кој ја носи над границите на нејзината сексуалност, преку садомазохизам и сексуално насилство...

Таа едноставно одлучува да ја објави книгата, која на нејзино неверување се продава во милион примероци и на двете страни на Атлантикот.

Но, тоа не е се!  За книгата се снма истоимен филм кој и’ носи неверојатно богатство.

-Јас сум старомодна жена која смета дека најдобрата љубов жената може да ја добие од маж кој го смета за нејзин господар, вели за себе авторката.

Ако мислите дека станува збор за Е.Л. Џејмс авторот на мегапопучарниот роман „50 нијанси сиво“ се лажете.

Станува збор за автор кој исто така доаѓа Британија, автор кој 83 години пред Џејмс напишала еротски роман сличен на „50 нијанси сиво“.

Нејзиното име е Е.М. Хул.

Денес нејзиното име е заборавено, но во 1921 година филмот „Шеик“ кој бил снимен по нејзиниот еротски роман доживеал енормен успех.

Приказната е за една девојка које е киднапирана од шеик, кој ја држи во заробеништво, против нејзина волја, се додека та не се вљуби во него...

Романот во детали ги опишувал еротските сцени помежу двајцата љубовници.

Девојката константно била сулувана од шеикот, а има и моменти на садомазохизам се додека таа не му се предаде во целост и лудо не се заљуби во него.

Извор: Курир

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега