Дибиров во тимот на колото во ЛШ
Вардар стигна до шестата победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако славеше против Монпелје со 30:26.
Предводник на „црвено-црните“ беше „Летечкиот Русин“ кој одигра уште една маестрална партија постигнувајќи 12 голови.
Одличната игра на овој меч левото крило на Вардар го смести во тимот на 9-то коло од елитното натпреварување. Ова е трет пат сезонава Дибиров да биде дел од најдобрите седум.
Тим на колото:
ЛЕВО КРИЛО – ТИМУР ДИБИРОВ (ВАРДАР)
Лев бек – Сергеј Бурка (Мотор Запорожје)
Среден бек – Микел Хансен (ПСЖ)
Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
Десен бек – Јохан Јакобсен (Фленсбург)
Десно крило – Дмитри Ковалев (Чеховски медведи)
Голман – Родриго Коралес (Висла Плок)
Еден од погодоците на Дибиров, постигнат од „негова позиција” се најде на третото место во изборот на ТОП 5 голови на колото. На првото место е победничкиот погодок на Душко Челица, со кој Загреб славеше над Ла Риоха.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа