(ВИДЕО) Исчезна Неси – чудовиштето од Лох Нес?!

Неси злогласното чудовиште од Лох Нес не е видено повеќе од година дена. Би-Би-Си пишува дека прв пат по 90 години не е забележано појавување на ова чудовиште.

Гери Камбел кој веќе 17 години го бележи секое појавување на Неси, вели дека во последните 18 месеци никој го нема забележано. Тој ги поседува записите од 1500 година.

„Ова е многу вознемирувачко затоа што не знаеме каде исчезна. Бројот на појавувања се намали од почетокот на овој век, а ова е прв пат во речиси 90 години, да никој го нема видено Неси“, вели тој.

Постојат неколку митови за чудовиштето од Лох Нес, а еден од нив е дека тоа е подводен ѕвер со долг врат, еден вид на воден диносаурус.

 

До сега тоа било забележано 1036 пати, а неколку од нив се случиле во 2012 година. Уверен сум дека Неси едноставно земала малку време за себе“, вели Кембел за Би-Би-Си.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега