Со помош на едноставни трикови ослободете се од непријатниот мирис на тутунот

Пушењето во затворен простор остава непријатен мирис кој може да ја замириса и облеката, завесите или намештајот. Обидете се со овие неколку едноставни трикови да се решите од овој непријатен мирис.

Оцет

Оцетот го неутарилизира непријатниот мирис. Со неколку капки посипете или ставите настрана во просторијата каде што пушите. Ако имате деца или домашни љубимци, ставете го на недостапно место.

Парфем

Попрскајте малку парфем по ладната светилка. Кога светлото ќе се запали и сијалицата загрее, во просторијата ќе се прошири пријатем мирис кој делимично ќе го прикрие димот од цигарте.

Омекшивач за облека

Ако почувствувате дека вашите модни додатоци како ракавиците, капата или шалот го имаат впиено мирисот на џигарите, а планирате да ги носите, тогаш следните дена оставете ги на неколку часа на отворено место да се проветрејат, а потоа ставете ги преку ноќ во пластична ќеса, заедно со омекшивач.

Песок за мачки

Во попелникот посипете малку обичен или уште подобро песок за мачки. Тој целосно ќе го отстрани непријатниот мирис, а полесно и ќе ја исчистите пепељарата.

Сода бикарбона

 

Навечер пред спиење посипете од сода бикарбона по тепихот, по гарнитурата и ќошињата на просторијата во која се пушело. Наутро поминете со правосмукалка. 

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега