Што најпрочуениот градоначалник на Њујорк во 1939 година на течен југословенски јазик им порача на Балканците?

Фиорело Ла Гвардија на југословенскиот јазик го научил додека како дипломат се занимав во Ријека тогашаниот град во Австроунгарија. На отворањето на комората на Кралството Југославија на Светската изложба во 1939 година, тој им порача на Србите и Хрватите нешто многу важно, но на нас Балканците тоа досега не ни има влезено во глава.

Фиорело Хенри Ла Гвардија е роден на 11 декември 1882 година од татко италијански емигрант и мајка од мешано италијанско-еврејско потекло, а починал на 20 септември 1947 година. Бил во 1999 градоначалник на Њујорк во три мандати, меѓу 1934 и 45 година. Пред тоа работел како дипломат, па потоа некое време минал во Ријека каде го научил југословенскиот. Бил конгресмен меѓу 1916-20 година па потоа од 1922 до 1930 година.

Велат дека бил енергичен човек, со многу харизма, и покрај тоа што бил висок само 1,52 метри. Неговото име на италијански значи „цвеќе“. Велат дека го сакал публицитетот и дека се смета за еден од трите најважни градоначалници во историјата на САД.

Бил републиканец, и ја вратил довербата на граѓаните на Њујорк. Направил униформиран јавен превоз и почнал да ги гради нискобуџетните социјални станови, јавните игралишта, парковите, аеродромите (една од аеродромските кули во Њујорк денеска го носи името „La Gvardija) ја реорганизирал полицијата и воспоставил пракса на вработување по заслугите и способностите наместо по „баба и чичко“. Сето ова било изведено благодарение на неговиот авторитет.
За време на неговиот мандат во Њујорк во 1939 година одржана е и Светска изложба на која се претставени сите битни работи на нашата планета.

Отворањето на комората на Кралството Југославија на оваа важна манифестација му припадна токму на овој јунак.

Она што тој тогаш на чист југословенски јазик го кажа и силно одекна во ушите на собраниот народ кој се навикна на звуците на грозните калашникови и топови од деведесетите години на минатиот век, а кое е еднакво релативно и денеска беше:

„Па зар е чудо што светот, после така вештачки создадената омраза, доби погрешно мислење за ситуацијата на Балканот? Да погрешно мислење, затоа што народот на Југославија е добар, затоа што е племенит и мирољубив. Кога ќе има некаков немир на Балканот, барате причина и ја наоѓате како лежи на границите на земјата, а не во неа самата. Нека големите и моќни нации го остават Балканот на мира, па во него ќе владее мир“, изјавил тој.

На крајот од својот говор ја остави најважната порака за нашата иднина.

„Сакам да упатам порака на народот на вашата земја, сакам да им порачам на Србите, Хрватите и Словенците: љубете се меѓу себе како браќа и цел свет ќе ве љуби.

 

Југословенскиот пратеник во Вашингтон, Константин Фотиќ, напиша за „Политика“ тогаш дека настанало необјасниво одушевување и дека не се знаеле кој повеќе аплаудира, дали Југословените кои ја разбраа искреноста на првиот њујоршки човек, или Американците кои почувствуваа дека уважениот политичар изјавил нешто важно на југословенски јазик.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега