Угледен нобеловец го запрепасти светот - најдовме семе од вонземјанска цивилизација

 

Британски научници го проучуваа округлиот предмет од метал за кој сметаат дека би можел да биде микроорганизам кој вонземјаните намерно го имаат испратено за да создадат живот на Земјата.

Иако овој предмет има облик на некаква планета, големината не му е поголема од дебелината на човечко влакно.

Универзитетот во Бирмингем објави минијатурна метална топка која ја открил астробиологот Милтон Вејнрајт и неговиот тим на истражувачи кога ги испитувале причините за прашината и ситните честички, кој ги собрал балонот кој има стигнато до Земјината стратосфера.

„Тоа е топка со ширина пречник на човечко влакно, а во него се наоѓа некаков лигав биолоши материјал. Една теорија е дека на Земјата е исратен од страна на непозната цивилизација за да насели живот на нашата планета“, вели тој.

„На оваа хипотеза која како да доаѓа од сферата на научната фантастика, веројатно ниту еден научник не и обрнал доволно винамине, доколку сериозно не била претставена од Френсис Крик, кој Нобеловата ја добил на работата за проучување на ДНК“, објаснува Вејнрајт.

Теоријата за животот кој се пренесува преку вселената, на тој начин што ги „стопира“ кометите и метеорите како превозно средство, ја понудил Крик молекуларниот биолог кој во 1953 година заедно со биохемичарот Леслијем Орджелом ја открил структурата на ДНК.

„Хафингтон пост“ пишува дека Крик и Орџел во 1973 година шпекулирале дека четири децении подоцна тим на научници на чело со астронаутот-астробиолог Чандром Викрамасингеом од Бакингемскиот центар за астробиологија објавил дека пронашле фосии кои имаат биолошка особина и кои биле прикачени за меторит кој паднал во Шри Ланка.

 

Ова откритие веднаш предизвикало реакција кај скептичните научници. Астрономот Фил Плејт навел дека научниците не направле доволно да се уверат дека на метеоритот навистина постојат фосили.

 

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега