Поддршка од ЕБОР за жените претприемачи во Македонија

Фирми во Македонија водени од жени менаџери од наредниот месец ќе имаат на располагање финансиски средства од околу три милиони евра преку програмата на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан.

Договорот со локалната комерцијална банка преку која ќе се пласираат средствата за поддршка на женското претприемништво треба да се потпише во март. 

Покрај финансиските средства, со Програмата на ЕБОР за поддршка на жени во бизнисот е предвидена и техничка поддршка, стратегија за намалување на ризикот и советодавни услуги за компаниите. 

Програмата е во вредност од 20 милиони евра. Првиот договор е потпишан со банка во БиХ која доби два милиони евра. Наскоро треба да се потпише и во Косово, а потоа следува потпишување во Србија, Албанија и во Македонија. Целта е да се унапреди женското претприемништво преку поддршка на мали и средни претпријатија.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега