ВИДЕО: Никогаш не дипломирал, а сега заработува и по 40.000 долари и додека спие!

Швеѓанецот Навид Мозес мислел дека ќе стане адвокат откако е примен на еден од приватните правни факултети во таа земја. Но, неговиот живот заминал во сосема поинаков правец. Тој го напуштил факултетот и покренал свој онлајн бизнис кој до ден денешен му носи голема заработка.

 

Во времето кога запишував факултет тоа ми се чинеше исправно, но воглавно не знаев што друго би работел. А тогаш како времето минуваше сватив дека не сакам да бидам врзан за столица цел мој живот, без слобода“, вели Навид.

Од таа причина во 2013 година се отпишал од факултет и започнал свој бизнис. Две години подоцна заработива и до 40.000 долари месечно и може да работи на кое било место на светот.

А тоа го постигнал на начин на кој што по само неколку месеци откако се отпишал од факултет, покренал своја веб страница. Бил инспириран од луѓето кои имале нетрадиционални кариери и книги како што се „Мисли и стани богат“ и „Како да ги освоите пријателите и да влијаете на луѓето“.

„Немав реална работа и постојан приход во моментот кога се отпишав. Но сеедно тоа го направив. На почетокот на интернет ги опишував своите патувања, на тој начин обидувајќи се да ги инспирирам луѓето. Почнав од нула, и без искуство и познавања од онлајн, па ми требаше време за да научам, да изградам авторитет и личен бренд на интернет“, вели Швеѓанецот.

Кога започнал да работи на страницата Moзес немал конкретен правец – единствена цел била да ги подели сопствените искуства (иако тоа не го препорачува на секого) Веднаш на почетокот успеал да добие интервју кај „кралот на пасивните приходи“ Петом Филном, за кој вели дека го одредил правецот на неговата интернет страница и заблагодарувајќи му за тоа што тој бил првиот кој му го привлекол вниманието.

„Се вмрежив со некои навистина влијателни луѓе, низ онлај заедницата. Цитат на Зига Зиглар ми беше важен. „Во животот можеш да добиеш се само ако им помогнеш на доволен број на луѓе да тие го добијат тоа што тие го сакаат“. И тоа е точно она што се обидов да го направам“, вели Мозес.

Како една од пресвртите го наведува и 30 дневниот блогерски предизвик на Натали Сисон за време кога напишал и повеќе од 40.000 зборови. Во 2014 година направил редизајн на страницата, а во април истата година на неа го додал и подкастот наречен Архитект лајфстајл.

Интервјуирав фантастични луѓе. Обожавам тоа да го правам и на тој начин изградив најмногу врски, а и добив бесплатно менторство. Но, проблемот беше во тоа што немав доволно пари и мојата емејл листа не растеше брзо“, вели Навид.

Потоа почанв да истражувам и кога чув дека луѓето се подготвени да платат за подкаст, смислив идеја на виртуелен самит и лично брендирање кој доби едноставен назив „Branding Summit“.

Учеството го нудел бесплатно, за да ја прошири својата мејлинг листа и му се јавиле 3000 луѓе. Покрај тоа додал и опција на купежен боус подкаст со пријава за самит и набрзо продал околу 200 парчиња.

 

  

 „Продавав интервјуа, и презентации на самити, имав на него 88 врвни светски претприемачи, но и ексклузивни бонуси како што се интервјуа во живо со некои од најсилните говорници, приватна група на Facebooк, карти за случувања во живо. На почетокот тоа била понуда за 97 долари, а потоа ја зголемив на 147. Во моментов изнесува 197 долари. Почнав сам да заработувам и додека спијам, додека сум во теретана, додека сум во продавница, додека сум во авион“, објаснува Навид.

Додека на почетокот работел на страницата, работел и пола работно време во банка за да има некаков приход. Кога самитот земал замав, одлучил да даде отказ.

„Беше исто како и со правото, имав чувство дека се ќе испадне добро. Средината на ноември го известив шефот на истражувањето дека давам отказ и 28 ноември беше мојот последен работен ден. А да биде се уште подобро, тоа беше денот во кој најмногу заработив, 5400 долари за еден ден“, се пофали Навид.

Откако собрал 20.000 долари од онлајн бизнисот Мозес продавал или донирал голем дел од неговите работи, така што се што му останало го спакувал во еден куфер, со кој сега патува околу светот и истовремено работи.

  

„Никогаш не сум бил минималист или пак сум знаел дека ќе живеам на овој начин, но морам да кажам дека ова е неверојатно добро чувство да се живее на Тајланд, да се отпатува во Мексико, да се видам со пријателите во Америка. Во моментов сум во Кабо Сан Лукас, и го комбинирам задоволството со работата, а погледот од местото каде што живеам е неверојатен. Освен тоа знам дека морам да им помогнам на лушето, а што повеќе информации им праќам, тоа е подобро и за мене“, вели Швеѓанецот кој на крајот дал и еден совет.

 

„Никогаш не е совршено време за почеток. Направите го чекорот денеска и делувајте пред да бидете подготвени, нека акцијата биде жестока и едноставно направете го тоа“, вели тој. 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега