На 15 години сакал да се самоубие, го спасил непознат човек- нема да верувате што се случило по 12 години

Неодамна гостувал во една телевизиска програма, каде што изразил желба да го запознае својот спасител. Непознатиот човек ја видел пораката на Хеник, и одлучил да му напише писмо на момчето чиј живот го спасил. Се претставил како Мајк Ричи, социјален работник кој имал само 25 години кога го спасил Марк.

Канаѓанецот Марк Хеник стоел на работ на провалија на островот Кејп Бретон во Канада, подготвен да си го одземе животот. Имал само 15 години. Во еден момент, на Хеник му пришол млад човек и седнал покрај него.

Странецот се враќал од продавница, па забележувајќи за што станува збор, дошол до момчето во обид да премисли за чинот на кој се подготвувал. Во меѓувреме на самото место пристигнала и полицијата, која заедно со непознатиот маж разговарала со Хеник.

Сепак, тогаш 15-годишниот Марк не ги послушал нивните молби, па се фрлил во провалијата. Меѓутоа, непознатиот човек тргнал кон работ, и во последен момент го зграбил Хеник за градите, со што го спречил неговиот обид да си го одземе животот.

"Се сеќавам дека носеше кафена јакна, но се сеќавам на неговото лице. Никогаш повеќе не го видов", раскажал Марк Хеник неколку години по таа случка.
Денес, 12 години подоцна, Хеник се занимава со советување на луѓе кои имаат проблеми со психичкото здравје. Неодамна гостувал на една телевизиска програма, каде што изразил желба да го запознае својот спасител. Непознатиот маж ја видел пораката на Хеник, и одлучил да му напише писмо. Се претставил како Мајк Ричи, социјален работник кој имал 25 години кога го спасил Марк.

Двајцата продолжиле да разменуваат писма, а Марк Хеник решил да направи снимка и да ја објави на Јутјуб, и на тој начин да му се заблагодари на својот спасител. Во коментарот под видеото напишал: "На крајот на 2002-та година, кога имав 15 години, се обидов да се самоубијам. Единствената работа која ме спречи во тоа беше еден странец кој во последен момент ме извлече од провалијата.

Од тој момент станав посветен на советување на луѓе кои имаат слични проблеми како јас во тој период. Го посветив својот живот на тоа.", стои во пораката.

Извор:Точка

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега