Ем корисно ем евтино: Направете си маска за лице од банана

 

Девојки еве како да си направите маска за лице од банана.

За оваа маска ви е потребно:

– половина банана

– една до две лажици јогурт

– една лажица мед

Испасирајте ја бананата и додадете го јогуртот и медот. Мешајте ја добиената смеса. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 15-20 минути за таа целосно да се исуши. Лицето потоа измијте го прво со топла, а потоа со ладна вода. Оваа маска им одговара на сите типови на кожа и можете да ја применувате секојдневно.

Резултатите ќе ги видите по седум дена.

Извор: Убавина и здравје

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега