Заев ја призна соработката со Верушевски

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисија на телевизијата 24Вести, ја потврди автентичноста на објавеното писмо пишувано на рака до поранешнот контраразузнувач Зоран Верушевски. Писмото е дел од истрагата во случајот „Пуч“ во кој Верушевски е прво, а Заев четвртоосомничен.

За делот од содржината на писмото во кое се споменува некаква „странска помош“ и „странски пријатели“ Заец вели:

-Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Целта содржина на писмото е таа. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата“.

Според Заев, Верушевски не му ги дал материјалите, туку Зоран Заев му ги доверил за да му даде насоки.

– Обезбедив луѓе кои ќе му помогнат благодарение на сестринските партии. Целата содржина на писмото е таа. Претседателот на сестринска партија е и премиер на таа држава, ми посочи луѓе кои ќе ми помогнат да извадат виза за Верушевски и неговото семејство. Тој се плашеше за својот живот поради тоа што соработуваше и даваше насоки откако јас му ги доверив материјалите кои дојдоа до мене- додава Заев.

Се отвора прашањето што тоа во странство би работел Верушевски? Што премиерот на „таа држава“ или нејзината разузнувачка служба ќе добие за возврат?

Лидерот на опозицијата повторно е контрадикторен. Во екот на акцијата „Пуч“ посочуваше дека не се познава со поранешниот прв разузнувач. Претходно, што е потврдено и од видео снимката од средбата со премиерот, тој тврдеше дека има „материјали од странска разузнувачка служба“, за потоа да ја смени изјавата за јавноста дека материјалите му се од вработени во домашните агенции.

Дали Зоран Заев со ова уште еднаш ја призна соработката со странските служби?!

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега