Заев амбасадор и странски премиер заедно со десет луѓе ваделе работна виза за Верушевски ?!?
Десет луѓе ваделе работна виза за странска земја за екс-разузнавачот и провосомничен во акцијата Пуч, Зоран Верушевски. Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во свото гостување на 24 Вести се обиде да протне неверојатна теза. Оправдувајќи го скандалозното писмо кое го објави Press24 Заев рече дека му соопштувал на Верушевски дека му ја завршил работата за вадење работна виза.
Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Целта содржина на писмото е таа. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата - рече Заев, образложувајќи ја реченицата од писмото „Работата која ја чекаме од пријатели од надвор е завршена“.
Ова е делот од писмото
„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор ... е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот ... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие
Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата.“ - му напиша меѓу другото Заев на Верушевски.
Интересно е што Заев вели дека тој и Верушевски „разработуваат“ проблематика. Најверојатно Заев очекува граѓаните да поверуваат дека „вадење работна виза“ во постапка во која учествуваат амбасадор и премиер на странска земја заедно со луѓе на општествени позиции од таа држава е „разработување на проблематика“. која треба да резултира со една работна виза.
Никој нема дилема дека со ангажман на премиерот на земјата заедно со сите негови луѓе работна виза може да извади за 10 до 15 минути, а за тоа, Заев, немал потреба да праќа писма преку курири и маскиран да се шета низ Скопје. Оттука Заев се обидува да ја потцени интелигентноста на граѓаните и својата очигледна соработка со странски служби да ја оправда со аргумент во кој никој, па дури ниту неговите најблиски соработници не може да поверува.
Дека Заев од ден во ден се плетка во нова лага, покажува и фактот дека лидерот на СДСМ до пред некој дне тврдеше дека не се познава со Верушевски. Сега признава дека писмото е автентично и дека со Верушевски тесно соработувал.
Истрагата дополнително ќе покаже за што уште опозицискиот лидер манипулирал со граѓаните и колку на Зоран заев може да му се верува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа