Македонските кик-боксери се закитија со 16 злата од Балканскиот куп
Кикс бокс репрезентацијата на Македонија викендов на Балканскиот куо Тешањ освои 16 медали. Димитар Георгиев и Кристина Стојчевска како и останатите членови продолжија со успесите на меѓународен план. Героргиев и Стојческа беа прогласени за најдобри во дисциплината кик лајт, а покрај овие две дисциплини спортистите се натпреваруваа и во поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, К1, фул контакт и лоу кик, во сениорска јуниорска и кадетска конкуренција.
Во нашата репрезентација со злато се закитија: Кристина Стојчевска -55кг кик лајт; Димитар Ѓоргиев -81кг кик лајт; Вељан Георгиевски -94кг кик лајт; Боби Коцев -81кг фул контакт и Далибор Оненов -75кг лоу кик.
На второто место на пиедесталот застанаа: Александар Митовски -84кг кик лајт; Ненад Манојловски -67кг лоу кик; Ненад Манојловски -67кг кик лајт; Димитар Ѓоргиев -81кг лоу кик; Кристина Стојчевска -55кг лоу кик и Стефка Јанковска -65кг кик лајт.
А бронзата заврши во рацете на: Мартин Јованов -63кг лајт контакт; Драган Игњатовски -74кг кик лајт; Јане Велковски -86 кг лоу кик; Стефка Јанковска -65кг кик лајт и Ѓоре Стојанов -71кг лоу кик.
ФОТО: Курир