Фејсбук може да ве следи и кога не сте логирани

 

Со измената на правилата за приватноста, Фејсбук ќе може да ја следи вашата активност на интернет и откако ќе се одјавите од профилот. Но, не само вас, туку и сите останати корисници кои се пријавиле од истиот компјутер.

Фејсбук собраните податоци ќе може, на пример, да ги проследи на други свои компании како на пример Инстаграм.

Од Фејсбук нагласуваат дека споделуваат податоци со апликацијата What’s up.

Овие промени беа најавени уште во декември, а на сила стапија од 30-ти јануари. Во компанијата истакнуваат дека во меѓувреме организирале и седумдневно советување на корисниците за евентуално да примат некои забелешки и сугестии.

Тие додаваат дека се одлучиле на овој чекор за да можат да ги персонализираат рекламите и да оневозможат на корисниците да им се прикажува несакана содржина.

Корисниците можат да се откажат од некои делови од новата политика, а се нудат и нови поставки за реклами, каде што може да наместите да не примате реклами од трети личности. Сите тие прилагодувања сега се достапни и за мобилната верзија на оваа социјална мрежа.

Извор:Денешен.мк

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега