Феноменот на Сириза: Жртвите се наши херои!

За жалење е таа земја која има потреба за херои, вели толку повторуваната мудрост. Можеби оваа поговорка имала смисла во некои други времиња, но денес повеќе нема. Денес сите сакаат да си наметнат статус на жртви, каде во сите вистински и фиктивни несреќи во животот за нашата состојба е виновен некој друг: центрите на моќ, политичарите, завидните колеги, банките, светот кој не гледа колку сме убави и паметни, алчните капиталисти, системот како таков, наводниот неолиберализам, Ангела Меркел и политиката на штедење..., само не ние самите. 

Неоспорно е дека вистински жртви постојат, но многу е проблематично ова време во кое жртвите станаа посакуван модел на живот, а хероите се претворени во виртуелни, непостоечки ликови, недостижни за имитација, за натпревар. Хероите се претворени во чудовишта, во мутанти како Х-Ман или дошле од друга планета како Супермен.

Таквите херои како примери се недостижни, тие служат за забава, не за наследување, како во не толку дамнешни времиња кога професорот, херој на знаењето и должноста, без прекин предавал на памет, ве залепил за столчето, а вие сте биле среќни кога на тест сте добивале тројка и не ви паѓало на памет да се жалите, да се ставате во статус на жртва, бидејќи денес сите се или одлични или се жртви.

Маса неодговорни луѓе

На земјата така не постојат херои, само жртви и нивни крвници. Секој успех е сомнителен, секое богатство се гледа со презир, како директна последица на паразитирањето на жртвите кои според дефиниција се невини, па одговорноста за нивниот живот не смее да се испитува. Веќе од основно училиште децата ги воспитуваме дека е пожелно и профитабилно да се биде жртва, наставниците кубат коси, децата од 10 години веќе се знаат за своите права, а за должностите никој не ги поучува, попрво учат што значи хрватскиот збор мобинг, отколку многу поедноставниот хрватски збор како што е должност.

Животот и социјализацијата не се сфаќаат како натпревар на кој и неправдите се составен дел од играта, а не причина за кревање раце од себе, туку за понатамошна борба. Секако, денес се се сфаќа како терапија, ние не сме чувствителни, туку сме хиперчувствителни.

Идеологијата за човечките права произведува маса неодговорни луѓе, од односот кон парите до сексуалноста. Ако воспитувањето не е терапија, ако се не е за оценка пет, тогаш тешко по наставникот и воспитувачот.

Политиката како терапија

И политиката повеќе не е програма, идеологија во позитивна смисла, таа стана терапија. Секоја болка и несреќа автоматски се претставува како неправда, како да човек не може да страда и поради своите лоши одлуки, како страдањето само по себе да е зло, а не нужно психофизичко созревање.

И така, во менталитетот во кој жртвите станаа херои, со кои се преполни ток шоута, состојбата во Европа и неговиот развој не е тешко да се предвиди, од една страна жртви на разни фела, а од друга СИРИЗИ и Ципраси, богат комунист кој вози скапо БМВ и ветува на жртвите простување на туѓи пари. 

Секако, постојат жртви. Измамен човек, невработен или работник кој не прима плата, не може да биде протеран од дома поради мизерната плата која не му е намалена поради негова вина. Тука солидарноста е наша должност.

Но, широко раширениот тераписки менталитет во кој жртвите станаа херои, отвора пат во рапсодија на општествена неодговорност во која СИРИЗИ ќе никнуваат како печурки по дожд.

Глас Славоније - Осијек

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега