Ја изрешетал сопругата па си пресудил себеси- крвава драма во Србија

54- годишниот Милован Гајиќ од Младеновац со истрел од пиштол ја застрелал својата невенчана сопруга Слаѓана Смиљаниќ (48), а потоа си пресудил себеси.

 

Телото на сопружниците се пронајдени вчера околу 13.30 часот во дворот од куќата каде живеееле во селото Влашка.

Се претпоставува дека ова злосторство се случило неколку часа порано а мотивот за убиството не е познат.

-Соседите случајно ги затекнале мртвите тела на Милован и Слаѓана. Лежеле во дворот, а покрај нив бил пиштолот. Се претпосатвува дека до трагедијата дошло рано утрото затоа што било вклучено светлото надвор. Поркај Слаѓана пронајдена е нејзината чанта па се претпоставува дека тргнала на работа, вели за српски Курир, извор од истрагата.

 

Се претпоставува дека тие се скарале по што Гајиќ го зел пиштолот и пукал.

-Глетката беше ужасна, лежеа во локва крв. Според положбата на телата, најверојатно Слаѓана се обидела да побегне, но Милован ја стигнал и пукал во неа. Никој не ги слушнал бидејќи на овој рид освен нивната куќа има само уште една друга, вели изворот.

-Пет, шест години живееја заедно. Ја купија куќата овде во Влашка. Беа добри луѓе. ништо не навестуваше дека ќе се случи трагедија. Имаа продавница во Сопот и убаво живееја - велат соседите.

 

Гајиќ немал полициско досие а пиштолот го поседувал легално, а се бавел и со лов, при што во куќата по злосторството се пронајдени два пиштоли и ловечка пушка.

На местото вчера пристигнал синот на Милован од првиот брак, како и братот на Слаѓана.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега