Таткото скршен: "Требаше да му славиме роденден, сега чекаме да го донесат мојот Марко во ковчег"

Колегата ме разбуди и ми рече да бегам. Истрчав веднаш од бараката која гореше. За жал, шест мои колеги не можеа да се спасат. Вака еден од работниците во фабриката која изгоре, опишува низ каква голгота поминале.

Пожарот избил ноќта, сабота спрема недела, а според неоицијалните инфорамции настрадале 22-годишните Марко Матијевиќ и Бранислав Арсиќ, 29-годишниот Мирослав Арсиќ, 55-годишниот Славиша Кадич, 49-годишниот Драган Мирјанковиќ и 56-годишниот Чедо Богуновиќ.

Таткото на загинатиот Марко е скршен од болка. Вели дека наместо да му слават роденден, тие денеска го чекат нивниот син, да го донесат во ковчег.

- Наместо да му славиме роденден ние го чекаме во ковчег, вели таткото низ солзи.

Инаку, големата трагедија се случи во фабрика во Сибир.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега