Силен ветер го блокира поморскиот сообраќај во јужна Грција

Јужна Грција е погодена од силен ветер што создава проблеми во одвивањето на поморскиот сообраќај, поради што голем број бродови останаа заглавени во пристаништето во Пиреја, пренесува МИА.

 

Како што објавија грчките медими, поради силниот ветер во прекин се повеќе редовни фериботски линии од континенталниот дел до островите во Егејското Море.

 

 

Затворени се и пристаништата во Рафина и Лаврио, а грчките поморски власти им препорача на патниците пред поаѓање да проверат дали сообраќа линијата со која треба да патуваат.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега