За да добијат виза Косовците „стануваат“ и хомосексуалци

За да дадат што поубедлива „потврда“, со цел да добијат документи за престој во некоја од земјите членки на ЕУ, Косовците кои илегално емигираат користат разни досетки, од менување на верската и национална припадност па до тоа дека припаѓаат на ЛГБТ заедицата, која е табу тема во Косово.

Многу Косовци низ канцелариите за миграција во земјите на ЕУ даваат изјава дека се припадници на ромската заедица или Египќани, кои се оставени на маргините во Косово, додека многу од нив дека се во крвно сродство со одредена фамилија која поради убиство е во крвна одмзда.

Дури и определбата дека се припадници на ЛГБТ заедницата, лезбејки, хомосексуалци, не се редок случај. Сепак тренд меѓу косовските илеглаци е нивното конвертирање од муслимани во католици, пренесува приштинска Коха.

Косовските медиуми јавуваат дека егзодусот на Косовците не прекинува. Само во последните 24 часа на железничката станица во Будимпешта биле открини над илјада Косовци, меѓу нив и деца и бремени жени. На повеќе локалции во Унгарија пак во рок од 72 часа биле приведени 4.400 Косовци

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега