Рецепт за највкусниот сос за пица
Кога и да сте јаделе пица може секогаш сте се запрашувале како се прави тој вкусен сос па конечно дојде крај на тие прашања. Еве што ви е потребно.
Состојки:
- 300 г доматно пире
- 1/4 кафена лажичка оригано
- 1/2 кафена лажичка босилек
- 1/2 кафена лажичка магдонос
- 2 чешниња лук
- малку сол
- малку црн пипер
- малку вода
Подготовка:
Ситно исечканите зачини и лукче ставете ги во подлабок сад, додадете го доматното пире и добро измешајте. Ако сакате сосот да ви биде поредок, разблажете го со малку вода.
Забелешка: премногу сос може да го разлигави тестото. Еден од начините како да го избегнете ова е прво малку да го запечете само тестото, а потоа врз него да го ставите сосот и останатите состојки.
Извор: Хит кујна
Оцени ја веста
09.02.2015 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа