Ммм... Брза торта со банани

 

Викендот е многу важен за сите нас тогаш можеме да уживаме со нашето семејство и за да биде коплетното задоволство за денеска наш предлог е да ги изненадите најблските со една убава и брза торта со банани. Еве што вие потребно...

Состојки:

3 пудинзи од ванила
1 литар млеко
5 лажици шеќер
3 банани

Шлаг крем или слатка павлака

450 г бискивити

 Подготвување:

Загрејте ги млекото и шеќерот. Додадете го пудингот и сварете го. Скршете ги бисквитите и ставете ги во поголем сад. Исечете ги бананите и додаде ги во садот со бисквитите. На сето тоа додадете го сварениот пудинг и добро промешајте. Смесата ставете ја во калап за торти, на која претходно ќе наросите кокос, добро распоредете ја и ставете ја во фрижидер добро да се олади. По желба можете одозгора да ставите шлаг.

Извор: Убавина и здравје

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега