ВМРО-ДПМНЕ: Народот знае да цени кој работи за негово добро

 

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната одлука на Централниот одбор на СДСМ и како што се наведува во соопштението од партијата, тоа за нив е очекувано. 

- Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. 

Според партијата, конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.

- Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не навредувале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени, стои во соопштението. 

ВМРО-ДПМНЕ потсетува, како што е наведено, дека нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега