ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно нека ја фрли бомбата
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Централниот одбор на СДСМ и децидно потцртува дека конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.
Тоа е очекувано. Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не вреѓале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени.
Се удирале во гради создавајќи лажни еуфории и слични површни работи.
Еве овојпат сите треба да се еуфорични зошто нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес, но после секоја ваква ситуација се подлабоко потонувале.
Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција.
(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа