Изгубиле преку милион денари додека славеле матура - шок за семејство од Кочани

Ноќеска меѓу 23:00 часот и 01:00 часот се случила тешка кражба кочанската населба Оризари.

Од полицијата информираат дека засега неппознат сторител влегол во куќата на 44 годишниот В.Е. и украл 20.000 евра и 180.000 денари.

Крадецот искористил погодна прилика додека сопствениците биле на матурска прослава, па, влегол во куќата и ја опустошил. Според МВР, крадецот влегол преку отворена врата во летната кујна, се качил на покривот и оттаму успеал да влезе во куќата.

Крадецот си заминал од куќата со 1.400.000 денарив џеб.

најчитано сега