ЕКСКЛУЗИВНО од Централниот одбор на СДСМ: Вечерва врие на Бихаќка - Десковска си поднесе оставка?
Вистината за Македонија. Вака ќе се вика проектот преку кој СДСМ ќе ги објавува т.н. бомби, ексклузивно дознава Press24 од свои извори во партијата. Одлуката денеска на Централниот одбор ја соопштил лидерот на СДСМ Зоран Заев. Нашиот извор вели дека Заев имал излагање со кое сакал да ги подигне очекувањата од членството. Нашиот извор вели дека ги оставил сите опции отворени па и онаа за враќање во парламентот. Тој од членовите на Централниот одбор побарал единство за да можело да се охраби членството. Побарал во јавноста да се оди со тезата дека Груевски паѓа и дека треба да се зачува Македонија.
Неофицијалните информации велат дека кај дел од членовите на СДСМ не се согласувале со Заев. Револтот отишол до таму што претседавачката со Централниот одбор, Рената Десковска си поднела оставка, а бил даден налог, медиумите под контрола на опозицијата да излезат со информации дека и завршува мандатот. На нејзино место ќе биде предложен Диме Велковски.
По ова била дадена кратка пауза за да може да членовите на ЦО да им бидат поделени заклучоци
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа