СДСМ од утре се враќа во Собранието?
Социјалдемократите мож да се вратат во Собранието. Ваква одлука постои можност да биде донесена на утрешниот централен одбор на Бихаќка, дознава Press24 од неофицијални партиски извори. Според нашите инфорамции, ваква можност ќе се разгледува утре како начин да се објавуваат компромитирачките материјали под заштита на пратеничкиот имунитет.
Нашите извори велат дека никој во СДСМ не се нафаќал да објавува компромитирачки материјали кои најверојатно ќе бидат дел од кривичниот предмет против четворицата обвинети во аферата Пуч.
Токму затоа, меѓу социјалдемократите преовладува мислењето да се стави крај на бојкотот и материјалите да се вадат од собраниската говорница каде пратениците имаат имунитет.
Сепак, никој не ја исклучува можноста социјалмократите да донесат и пониаква одлука и материјалите да ги објавуваат без да бидат заштитени со пратеничкиот имунитет иако на сите им е јасно дека станува збор за документација добиена на незаконски начин за чие објавување може да се одговара и кривично.
Последната одлука ќе ја донесе утре Централниот одбор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа