Заев го бранат лустрирани кодоши
Иван Бабановски денес излезе со свои изјави поврзани со случајот „Пуч“ со кој се става во заштита на опозицискиот лидер Зоран Заев, кој патем самиот изјави дека соработувал со странски служби.
Очигледно Бабановски кој е лустиран и е поранешен началник во Службата за безбедност продолжува да работи и да ги штити интересите на разузнавачките служби, дури и кога се работи за странски служби како што е последниов случај.
Инаку Иван Бабановски кој работел со Трајан Петровски од лустрациските документи, иако се покриени имињата на жртвите, според нивните дела, песни, романи, објавени есеи, лесно може да се заклучи ги следеле Петре Андреевски, Божин Павловски, Димитар Јоновски, Танас Луловски, Димитар Солев, Јован Котески, Живко Чинго, Ристо Шишков, Анте Поповски, Иван Чаповски, Јозо Бошковски, Матеја Матевски...
Биле следени првите луѓе на издавачките куќи, на Институтот за македонски фолклор, на Народната универзитетска библиотека, главните уредници на неделниците, на дневните весници, на литературните списанија... Од извештаите на оперативните работници најчесто зависел и нивниот избор за некоја друга функција, издавањето книга, снимањето филм, одењето на службен пат во странство, изборот во академијата, изложба, промоција...
Оперативните работници често пати биле и рецензенти на песни, раскази, приредби, документарни емисии... па давале извештаи за преголема присутност на македонски народни песни од егејскиот крај, за јасни асоцијации за обединување на трите дела на Македонија, за метафори дека Југославија не се грижи за Македонците во Грција и во Бугарија, за тоа дека Белград не прави ништо за заштита на македонскиот национален интерес... се разбира, сето тоа во конотација на антидржавни активности и непочитување на самоуправниот социјалистички систем.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа