Последниот здив на Зомбито
Најпрецизна дефиниција која во една реченица би ја опишала состојбата во Македонија е онаа констатација на Тања Торбарина од деведесетите. На македонски преведена таа би гласела вака: „Нашиот лидер на опозицијата е луд, а бидејќи не сака да оди во лудница, решил од Македонија да направи лудница”.
Состојба на можен политички и безбедносен хаос во кој лудоста треба да стане правило на живеење, омразата политичка стратегија, очајноста инструмент за владеење. Крајната цел од таквиот хаос треба да биде победата над Македонија, победата над националните и државни интереси, која очигледно е дека не може да се случи во други нормални околности. Тоа е залогот кој треба да се вложи, за да се оствари целта на нечии странски служби и алчноста на македонската опозиција за власт. И што потоа?
Некои ќе речат дека друга е вистинската слика на приказната, но за таа друга слика недостасуваат многу логични одговори.
На кого му одговара ваква состојба во државата? На Заев или на Груевски. Кому му е потребно медиумите и јавноста да биде контаминирани и манипулирани со скандали. Кому му одговара шпиунско-инкримитирачки содржини да излегуваат во јавноста. На Грyeвски или на Заев?
Се прашал ли некој како на тоа гледаат сите оние бизнисмени кои дел од својот капитал го донесоа, или имаат намера да го донесат во Македонија? Ним тоа не ги засега? Зошто би и одговорало на власта, која искина нозе низ светот да убеди некој да отвори некое погончен овде и да вработи некој македонски граѓанин, ваква хаосна состојба? Што мислите кое ќе биде првото прашање кое Груевски ќе го добие на следниот бизнис форум кога ќе им објаснува на странските инвеститори зошто треба да инвестираат во Македонија? Ќе го прашаат зошто би дошле во држава во која лесно би станале предмет на нечии валкани опозициски компромитирачки игри за нечија борба за власт преку уцени? Ќе го прашаат кој може да им гарантира дека лидерот на таа опозиција таму, во таа држава, нема утре да ги земе на отстрел само затоа што одлучиле да почнат бизнис во период кога Груевски бил премиер. Затоа што сликата што се создава е таква. Им гарантира ли некој дека Заев и неговата орда утре нема, врз основа на своите соработници од странските служби, да ги уценува дека нивната инвестиција е криминално дело во Македонија?
Тоа е само еден аспект од кој јасно се чита кој сака хаос, а кој не во Македонија. Има такви уште многу примери. Многумина можат да набројат и разни причини за другата страна на приказната, но не можат да ги одбранат, затоа што оваа стратегија за хаос е политичка платформа која има свои корени.
Оваа параноја на живеење почната некаде кон средината на 2007 година, неполна година по доаѓањето на Груевски на власт, секојдневно добиваше на интензитет. Почнува со констатацијата дека државата под власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе пропадне. Секоја политичка одлука за каква било реформа беше претставувана како пропаст на Македонија. Тоа беше една игра која требаше да создаде слика кај граѓаните на паника и страв. Тој параноиден опозициски поглед на светот, од типот дека треба да се живее од ден за ден, како дека утре Груевски ќе ја разграби, распородаде, урне државата од една страна и оној себе прогласен светоглед дека само СДСМ ја има улогата на месија, од друга, направи еден шизофрен спој на парадоксот, за каков што ниту тешката филозофија нема одговор.
Иако како што растеше градењето на таа слика, така времето ги демантираше, а изборните резултати ги шокираа, сепак од играта немаше отстапување. Наместо да излегуваат од тој параноиден филм, тие создаваа нови продолженија. Секоја година нова премиера . Како што тргнале очекувам да се претворат во една секташко-религиозна организација, која во недостаток на идеја ќе почне да се занимава со верски обреди и магии за симнување на Груевски од власт.
Зарем е толку тешко да се погледне реално, да се влезе со конструктивност, со идеја како да се победи на терен. Не постои пропагандна машинерија која може да спречи еволутивен развој, ако граѓаните ја присвојат твојата идеја како нивна сигурна иднина. Но, ако таа идеја е идеја…
Ќе се согласам со тезата дека власта е таа која има одговорност да обезбеди стабилност, да обезбеди услови за пазарна економија, за демократија, да обезбеди сигурност на граѓаните. И дека најлесно е за се да се обвини една власт. Нема полесно од тоа. Но, дали таквата констатација е доволна? Дали таа ја дава вистинската слика? Дали нивото на демократска зрелост на еден интелектуалец е само да каже власта е виновна и толку? Може ли некој друг да виде виновен? На пример неговата алчност, очајот, слабиот човечки капацитет.
Се прашал ли некој од поддржувачите на опозцијата за демократскиот капацитет на својот лидер? На тоа како ќе изгледа државата кога тој би бил Премиер. Или пак зошто и како станал податлив за нечии странски служби и како е избран за вистинската личност која треба да одработи рушење на националните интереси? Зошто интелектуалците од висок калибар не посочат кој е тој демократски потег, чекор што Заев го направил додека е лидер на опозција? Чистката во партијата? Одлуките во партијата? Дали е демократија омразата која излегува од неговите најблиски соработници? Што е тоа што демократски го применил во опозиција, за да мене, или некој друг, не увери дека утре нема од Македонија да направи пашалук?
Демократски метод е пред своите симпатизери на митинзи и тоа со јасна изразена омраза во говоорот да тврдиш дека ќе се одмаздуваш? Ај што ќе се одмаздуваш на политичките опоненти, туку што ти се виновни чистачките во некоја администарција? Што има демократско во тоа твојот најблизок соработник во општината да работи на повик за елемнинација, или дискредитација на некој кој можеби мисли поинаку?
На крајот на краиштата демократски ли е да оспоруваш некому да мисли дека владата работи успешно? Па макар и да греши во таа своја проценка.
Има многумина што не мислат дека Груевски е најдобар. Но, во што е подобар Заев од него? Во елиминација на своите неистомисленици? Во ширењето на говоорот на омраза? Во егоистичноста? Тоа ли го прави подобар? Тоа ли се тие вредности за кои треба да биде награден со тоа што ќе има шанса да ги спроведува на терен како Премиер?
Семето на омраза во оваа држава не го посеа Груевски. Тоа семе е автентично ГМО произлезено во лабораториите на партиско-безбедносните структури на Бихаќка уште деведесетите. Токму тогаш кога секој оној кој сакаше да поверува, или да се придружи на идејата на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот лидер Љубчо Георгиевски за своја самостојна независна држава. И тогаш, а и денесака веројатно, за некои луѓе во СДСМ тоа беше велепредвство и најголем југо-национален срам. СДСМ и безбедносните структури, тогаш го всадија чипот во македонската јавноста дека вмровското размислување е ерес. Ерес кој заслужува и смрт ако треба. Потоа тоа ГМО, кое хранејќи се со моќта на партијата и власта, ги елеминираше сите кои можеби се осмелиле да мислат поинаку од матицата. Гошев на пример, ако го држи меморијата може да посведочи. И се така со години одгледувано, мутираше во едно морбидно чудовиште.
Ова што сега се случлува е последната битка. Битка со последниот здив на зомби-мутираното чудовиште, кое заедно со структурите кои го создадоа, ја има киднапирано државата.
Од таа битка како победник мора да излезе Македонија, затоа што во спротивно опасноста е евидентна дека хаосот ќе биде судија на улиците.
Марјан Николовски – Новинар
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа