Клековски: СДСМ поднесе кривична за снимките Груевски-Заев, а не бара за нивните!

 

Дека ситуацијата е излезена од јавното поле и прејдена е во политичкото, ни покажува однесувањето на СДСМ, вели аналитичарот Сашо Клековски во „24 Анализа“.

– СДСМ бара кривично гонење за тој што го снимил и објавил материјалот што е незаконски, што истото се однесува и на снимките што ги има СДСМ кои не се законски направени снимки. Ќе кажете- во тие снимки има докази за криминал. Можеби и во овие снимки има докази за криминал, рече Клековски.

Ако барате кривично гонење за незаконско снимање и објавување на снимки што за СДСМ е класичен случај- објавувањето на снимката од кабинетот на премиерот, тогаш дали вашето дело потпаѓа под истите работи, дали и тоа е кривично дело, прашува аналитичарот.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега