Правите шпагети во тенџере? - Многу грешите!
Рецептот за подготовка на паста кој речиси сите го применуваме вели дека полниме едно тенџере со вода, а кога водата ќе проврие ја додаваме пастата и малку масло и готвиме онолку колку што пишува на пакувањето а потоа процедуваме и тестенините се готови. Сепак, постои многу подобар предлог!
Еден господин на интернет мрежата ќе ве убеди дека сосема грешите. И не само што грешите, туку и си одземате од драгоценото време, а и трошите многу повеќе вода.
Тој шпагетите ги стави во тавче, ги прели со ладна вода, доволно за да се прекријат и ги остави да се сварат. Шпагетите за многу брзо време беа готови, не беа воопшто залепени, а водата која остана тој ја искористи за подготовка на сос.
Погледнете и пробајте и сами за да се уверите:
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа