Манифестација по повод 22 април - Денот на планетата Земја
На манифестацијата учествуваа деца кои се згрижени во Установата и сликарот – хуманист Живко Поповски – Цветин.
Денеска Денот на планетата Земја- 22 Април беше одбележан од страна на Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми – Скопје и Македонското здружение за култура, обичаи и традиција – Гороцвет,.
Децата со свои творби посветени на екологијата и грижата за здрава и чиста средина, читаа свои творби, како и творби на познатите поети Глигор Поповски и Душица Илин од Македонија и Јалвач Урал од Турција.
Во паркот на Установата децата засадија цвеќиња и заедно со сликарот Цветин насликаа цвеќе за мир со порака „Со цвеќе за мир да ја зачуваме чиста и здрава мајката Земја за нас, но и за идните генерации“.
Имајќи ја предвид актуелната состојба во светот поврзана со заканите за употреба на нуклеарно оружје, од настанот во име на помладите генерации, вработените во Установата, како и авторот на „Цвеќе за мирот“, до претседателите на Северна и Јужна Кореја испратија две слики со надеж дека заканите за употреба на нуклеарно оружје, меѓу двајцата претседатели ќе престанат во име на сите невини луѓе во светот.
ФОТО: Вечер