Интензивни врнежи од снег: Еве каде вее низ Македонија во моментов

Интензивни снежни врнежи во моментов се регистрираат во речи си целиот регион на западн Македонија. Во моментов најинтензивни врнежи се бележат на Попова Шапка, Маврво и мијачкиот регион. Врнежи од снег има и во Тетово и Гостивар како и на Кожуф. Снег вее и на во Крушево како и во преспанскиот регион

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:

 

66 Маврови Анови, 46 Крушево, 12 Пожаране 9 Претор, 7 Охрид

Лавина од снег, камења и земја утрово во 9:40 часот се срушила на коловозот на регионалниот патен правец Дебар-Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир.

Од СВР Тетово информираат дека сообраќајот е во прекин, а во меѓувреме повикани се екипи на „Македонија пат“ да го расчистат наносот.

- Со оглед дека во регионот има интензивни врнежи од снег, постои опасност од нови лавини на овој патен правец. Им се препорачува на возачите кои деновиве ќе патуваат по долината на Радика да бидат максимално внимателни и непотребно да не се задржуваат во близина на Бигорскиот манастир, бидејќи постои реална опасност од лавини, информираат од СВР Тетово. 

 

Според Автомотосјузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната за движење на тешки товарни возила

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега