ВИДЕО: Скандал - Ескалира бесот во СДСМ со навреди кон граѓаните

 

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи денеска на новинарски прашања дрско ги навреди граѓаните, покажувајќи го врвот на некултура и ароганција кој владее во опозициските редови и кај опозициските функционери.

silco

 

Вулгарниот одговор на Шилегов следеше по легитимно поставено новинарско прашање за тоа од каде се добиени материјалите со кои располагаат СДСМ и Заев, ако се знае дека првиот човек на опозицијата првично тврдеше дека материјалите се од домашни служби, наспроти дел од медиумите и граѓаните кои оценија дека тие биле добиени од странски служби, што се потврди со вчерашното признание на Заев во кое тој сам се демантираше.

На поставено прашање од јавен интерес до Шилегов за тоа кој им ги дал материјалите, следеше дрзок одговор:

-Народот наш, на вакво прашање кој ти ги даде материјалите, има една поговорка вика зини да ти кажам, рече Шилегов.

Додека јавноста легитимно се прашува од каде се материјалите со кои располага Заев, од портпаролот на најголемата опозициска партија наместо заслужен, граѓаните добиваат одговор кој претставува врв на некултура кој дополнително потврдува за тоа каква нервоза владее во опозицијата која го губи тлото под нозете.

По вчерашните снимки кои се појавија во јавноста, на кои Заев директно му признава на премиерот Груевски дека материјалите кои ги поседува се од странски служби, јавноста има легитимен интерес да знае од каде се тие снимки, но наместо тоа добива одговор “зини да ти кажам“, што претставува директна навреда и презир кон сите граѓани кои легитимно имаат право да ја дознаат вистината за изворот на материјалите.

 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега