Ќе се заштитат правата на корисниците на електронски комуникации
Со новиот правилник од АЕК кој што е усогласен со Законот за електронска комуникација сериозно ќе се подобрат правата на корисниците на електронски комуникации. Новиот правилник е направен според приговорите од корисниците до АЕК за оние услуги со кои корисниците имале најмногу проблеми.
Директорот на АЕК Роберт Ордановски информираше дека најзначајни промени од правилникот се однесуваат на брзината на интернетот, проблемите со роамингот и листата на канали во претплатничките договори.
- Со новиот правилник претплатничките договорите кои се потпишуваат меѓу корисниците и операторите треба да бидат јасни и сеопфатни при што операторите ќе имаат обврска да ги наведат сите информации во врска со услугите кои се нудат, начинот на тарифирање и брзината на интеренетот која ја нудат, информираат од АЕК.
Брзината на интернетот ќе мора да биде барам 50% од тоа што е рекламирано од страна на операторот. За сите измени операторот е должен да го информира корисникот во рок од 30 дена, а доколку корисникот не ги прифаќа измените ќе може слободно да го раскине договорот.
Со новите измени корисниците ќе бидат заштитени и од прекумерно направени трошоци за користење на електронска комуникациска услуга во странство, односно во роаминг. Корисниците ќе бидат информирани од операторот за секое надминување на 1000 денари за користење на интеренет и 3000 денари за повици и смс пораки.
Операторите ќе бидат должни да ги емитуваат сите оние канали за кои со корисникот е потпишан договорот. Операторот е должен да си ги обезбеди авторските права за каналите кои ги емитуваат и доколку некој канал прстане да се емитува операторите се должни да го информираат корисникот. Во спротивно пртплатникот има право да го раскине договорот.
Максималното времетрање на договорите помеѓу претплатниците и операторите е 24 месеци без можност за автоматско продолжување на договорите при што операторите ќе траба да бидат транспарентни и навреме да ги информираат корисниците.
Новиот правилник на АЕК е усвоен на 29.01.2015, а ќе стапи во сила од денот на објавување на во Службен весник на Р.Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа