За 70 евра пукал во соселанец - драма на патот кон тетовско Желино

27 годишниот В.А. вчера пукал во свој соселанец бидејќи не сакал да му ги врати 70 евра кои му ги позајмил.

Од МВР информираат дека В.А. и и 25 годишниот К.Б. се договориле да се најдат за да се раздолжат, но, должникот не сакал да ги врати парите и му приредил непријатно изненадувањ на својот соселанец. 

Додека К.Б. возел со својот автомобил кон договореното место, на патот од селото Стримница кон тетовско Желино, му се испречил В.А. со своето БМВ и од отворен прозорец испукал неколку куршуми кон позајмувачот. 

Полицијата го пронашла и привела В.А. и кај него бил пронајден гасниот пиштол со кој пукал кон соселанецот.

Од МВР најавуваат соодветна пријава за В.А.

најчитано сега