Груевски сепак не попушти - техничка влада нема да има

 

Само неколку дена од приведувањето на Верушевски, и два дена од обелоденувањето на шпионската афера и обидот за насилно превземање на власта, утврдени се неколку непобитни факти во врска со последните случувања на политичката сцена во Македонија:

1.По поднесувањето на кривичнаи пријави против четворица осумничени јасно е дека нема да има никаква техничка влада ниту на краток, ниту на долг рок. Шест месеци од последните парламентарни избори премиерот Груевски во свој стил ги отфрли сите уцени и закани, одби било какви пазарења, и бидејки има огромно парламентарно мнозинство, со сигурност ке биде на власт уште 3,5 години.

2. Сведоци сме дека група граѓани со посредство на странска служба добила еден и пол милион прислушкувани разговори, и со овој материјал пробала да го уценува премиерот, и на тој начин да дојде на власт. Во прв момент Зоран Заев негираше дека се состанувал со премиерот Груевски потоа негираше дека инкримираниот материјал е од странски служби, за да на крај излезе на виделина дека ништо од тоа што тврдел не било точно. Со појавувањето на видео снимка од водените разговори помеѓу Груевски и Заев, лидерот на СДСМ отворено признава дека инкримираните аудио снимки ги добил од странски служби

3. Непобитен факт е дека постојат 1,5 милони снимани телефонски разговори, непобитен факт е дека некоја странска служба за само нејзе познати цели прислушкувала Политичари, Бизнисмени, Новинари, Лекари, Професори, Земјоделци, Работници, Студенти и Средношколци. Секој од нас, било кој граѓанин на Македонија, кој има телефон е потенцијална прислушкувана жртва. Странските служби имаат методи, технологии, и стручност, да вршат вакви оперативни дела. Впрочем ова го призна и самиот Заев на снимениот разговор

4. Непобитен факт е дека овој инкриминиран материјал го поседувале а голема веројатност е дека сеуште го поседува една мала група на луѓе, кои наместо овој материјал да го однесат во Обвинителство или во Полиција веднаш по добивањето на истиот, тие почнале да го преслушуваат, селектираат, а веројатно и да го монтираат овој материјал и со истиот почнале да уценуваат.

5.Непобитен факт е дека секој може да биде предмет на уцена од оваа група на луѓе, оној кој поседува 1,5 милиони разговори може да уценува дуќанџии, артисти, бизнисмени или земјоделеци. Секој граѓанин на оваа земја води преку телефон деловни или интимни разговори, и секој граѓанин на оваа земја може да биде предмет на уцена од било која природа, врз база на тие водени разговори. Каде е сигурноста на секој од нас после ваквите шокантни сознанија за тоа колкава некотролирана моќ приграбила една мала група луѓе.

6.Непобитен факт е дека овие еден милион и петстотини илјади разговори странската служба им ги дала на располагање на Зоран Заев и на останатите обвинети, но сега се поставува прашањето, што треба да направи оваа група на македонски граѓани за возврат на тие странски служби за овие милиони фајлови.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега