Ким Кардашијан роди здраво девојче

Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашијан во Лос Анџелес го роди своето прво дете- девојче, соопшти списанието ТМЗ, цитирано од француските медиуми.

Мајката и бебето, кое на свет се појави пет недели пред терминот, се чувствуваат добро, посочува електронскиот сајт на списанието.

Таткото на детето, раперот Кание Вест, присуствувал на породувањето, дополнува сајтот.

Девојчето, чие име не се посочува, е прво дете и за двајцата родители. 

најчитано сега